Диего Симеоне го оствари она што го сакаше, неговата тактика целосно вроди со плод и Атлетико со голема предност ќе патува во Торино на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Два гола против Јуве, двата ги постигнаа централните дефанзивци, по-Симеоне тактика не постои. Затоа Аргентинецот побудале кога Хименес го отвори резултатот, се сврте кон трибината и се фати а гениталиите.
Нејасно е само дали сакаше да покаже дека неговите фудбалери имаат храброст или поентата беше друга.