Шалке 04 вчера загуби на гостувањето кај Арминија Билефелд со минимални 1:0, а 21-от пораз во досегашниот тек на сезоната значеше дека легендарниот германски великан испаѓа од елитното друштво по пауза од цели 30 години.
Вчерашниот неуспех на гостувањето и автоматски го испрати Шалке во втората германска Бундеслига, откако стана јасно дека веќе нема никаква математика за опстанок по ужасната натпреварувачка кампања во која оствари само две победи на 30 одиграни средби.
Ова е голем удар за германскиот фудбалски гигант кој со години играше во Лигата на шампионите, а сценариото кое се најавуваше веќе извесно време, во раните утрински часови предизвика огромен револт кај најрадикалните навивачи на клубот.
При враќањето на тимот од гостувањето, бесните навивачи на Шалке ги пречекале фудбалерите и стручниот штаб пред клупските простории, па во моментите кога се симнале од автобусот, биле физички нападнати и дел од првотимците морале да бегаат од разлутените фанови кои сакале да ги линчуваат ѕвездите.
Шалке се огласи со официјално соопштение и потврди дека во раните утрински часови имало вистинска драма, надополнувајќи дека остро ги осудува физичките напади кон професионалците, без оглед на испаѓањето во втората лига.
Schalke confirm that a group of fans confronted the players when they returned after the club was relegated from the Bundesliga.
Police in Gelsenkirchen said "players had eggs thrown at them and were verbally attacked" when they left the team bus. pic.twitter.com/1PqhSR70Mi
— DW Sports (@dw_sports) April 21, 2021