Рома игра катастрофално, фановите се разочарани, а голема група од нив се појави на тренингот на нивниот тим, ден по дебаклот од Фиорентина со 1:7.
Никој не успеа да се спаси од нив, дури ни Един Џеко кој претходната сезона беше убедливо најдобар играч на тимот.
„Добра работа, пет минути и излезе“, беа ироничните зборови на навивачите за Џеко кој доби црвен картон.
Голем дел од фудбалерите од страв не се појавија пред нив, но Патрик Шик ги удостои, ги сослуша и само кратко им рече – Простете.