(Видео) Дритан Абазовиќ: Скендербег бил Србин и по татко и по мајка

959

Во пocледните неколку месеци најзборувано име на Балканот стана името Дритан Абазовиќ, човекот кој ја реши политичката судбина на Црна Гора, човекот кој имаше огромен доприност во „падот“ на Мило Џукановиќ од власт.

Младиот Албанец лидер на Обединетата реформска акција (УРА) е роден во Улцињ. По професија е политиколог. Завршил средно училиште во Улцињ, Факултет за политички науки во Сараево, каде што беше студент на генерацијата и ги заврши студиите за рекордни две и пол години, магистрираше во Подгорица, а докторат во Сараево.

Тој е брутално искрен и реален, а неретко поради тоа му замеруваат и леви десни и Црно Горци и неговите Албанци.

Жестоки реакции има на социјалните мрежи, но и од страна на албански политичари откако тој отворено кажа дека најгоелмиот „албански“ херој има српско потекло.

Според Абазовиќ и од страна на неговата мајка и од страна на неговиот татко Скендербег има српско потекло.