(Видео) Двата авиона од САД што ја прелетаа Македонија пресретнати од руски „сухои“ над Црно Море

793

Руската амбасада во Скопје извести дека двата американски стратешки бомбаредри „Б-1 лансер“ што ја прелетаа Македонија се пресретнати над Црно Море од руски „сухои“.

„Два американски ‘Б-1 лансери’ од воздухопловната база во Елсворт, Јужна Дакота,
упатени кон државната граница на Русија над Црно Море, денеска се пресретнати од два руски борбени авиона ‘Сухој’. #СтопНАТО“, твитна Амбасадата на Русија во Македонија како одговор на твитот на Амбасадата на САД во Скопје: „Два американски ‘Б-1 лансери’ од воздухопловната база во Елсворт, Јужна Дакота, прелетаа над Скопје за добредојде на Македонија во #НАТО. Овој прелет е израз на нашата постојана поддршка за Македонија. #НиеСмеНАТО #Партнери #Сојузници“.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека „ловци на руската авијација ги
принудија американските бомбардери да ја променат патеката на движење и да одлетаат од границата на Руската Федерација“, а во акцијата учествувале два авиона „Су-27 П“ и
„Су-30 СМ“.