(ВИДЕО) Џани, што ти стана: Алиоски полуде во Дерби!

864

Езѓан Алиоски не игра за својот Лидс во плеј-офот за пласман во Премиер лигата поради повреда, но редовно е со своите соиграчи за да им даде поддршка.

Така беше и на првиот меч против Дерби на гостински терен каде поранешниот полуфиналист во Лигата на шампионите победи со 1-0.

Пред почетокот на мечот, кога играчите излегуваа на теренот, Алиоски почна да ја тресе стреата над тунелот. Успеа да ги изнервира и редарите кои реагираа и му рекоа да престане.