Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец од Скопје кон Тетово, во моментот кога полицаец дигнал знак стоп за да стопира автомобил од марката „БМВ“.
Автомобилот кој возел над дозволената брзина почнал нагло да кочи, поради што во него урдил шлепер. Од ударот автомобилот бил оттурнат и удрил дирекно во полициското јети по што се запалил.
Едно лице загинало, повеке се повредени, меѓу кои и полицајци.
Возачот на автомобилот „БМВ“ загинал на самото место, додека двајцата полицајци и возачот на камионот се тешко повредени. Полицајците моментално се наоѓаат во комплексот клиники „Мајка Тереза“.