(ВИДЕО) Георгиевски го сруши светскиот првак и оди кон поход за медал!

1421

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во четвртфиналето, категорија +80 килограми на Олимпискиот турнир во Токио, откако утринава го победи актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба.

Македонецот ја доби првата рунда со 5:1, иако противникот го освои првиот поен. Дејан ја зголеми предноста по втората рунда која изнесуваше седум поени (10:3).

На крајот Георгиевски успеа со 11:8 да слави победа.