Паоло Дибала кој изминатиот период има проблеми со тренерот на Јувентус, вчера повторно не беше дел од почетните 11 на „Старата дама“ против Сасуоло.
Јувентус рутински славеше на гостувањето кај Сасуоло со 0:3, а еден од головите беше посветен токму на Дибала.
Кедира, Роналдо и Емре Чан беа стрелци на синоќешниот натпревар, а токму голот на Португалецот беше интересен да се проследи, поради тоа што неговата прослава, јасно иницира дека тој му го посветува голот на соиграчот, Паоло Дибала.
Неговата прослава на голот со популарната „маска“ која Дибала редовно ја прави, покажа дека Роналдо сака да му даде поддршка на Аргентинецот во моментите кога и не се баш најрозеви работите за него во клубот.