Вечното дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда заврши без победник со резултат од 1-1.
По мечот, голманот на „црно-белите“, Владимир Стојковиќ не можеше да се контролира поради разочарувањето по примениот гол за кој што вели дека и не постоел.
„За првпат јавно ќе кажам, се срамам што сум Србин, уште утре ќе се откажам од пасошот..“,бесно искоментира Стојковиќ.
А еве го голот на Боачи, останува сами да процените дали топката ја мина или не гол линијата.