(ВИДЕО) Градоначалник врзан за камион го влечеле по улици оти не исполнил предизборни ветувања

776

Единасет лица се уапсени во Мексико откако градоначалникот на мексиканската држава Чиапас, Хорхе Луис Ескандон Ернандес бил врзан за камион и влечен по улиците.

Градоначалникот бил изнесен од неговата канцеларија, па врзан за камион кој го влечел низ улиците затоа што не ги исполнил преизборните ветувања дека ќе ги поправи локалните патишта.

Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот бил нападнат од земјоделци.

Без да претрпи посериозни последици, градоначалникот Ескандон Ернандес многу брзо бил ослободен од локалната полиција.

Ернандес кажал дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.