Кога го зајакнуваме грбот, го намалуваме ризикот од болка, лошо држење на телото, но и ризик од потенцијални падови и повреди.
Најдобар начин за зајакнување на мускулите на грбот е да вежбате.
Подолу ви даваме пример на вежби кои можат да ви помогнат да го зајакнете грбот.
Кревање тегови
Правете ја оваа вежба два до трипати неделно, десет повторувања во три серии. Застанете во положба на чекор со стапалата во ширина на рамената. Свиткајте ги колената и навалете се напред. Во исто време, кревајте ги теговите (може да користите и шишиња со вода од 1 литар). Оваа вежба го зајакнува горниот дел од грбот, а особено мускулите на рамената.
Издржливост
Застанете во положба за склекови. Подигнете ја едната рака хоризонтално, во линија на рамото. Останете во оваа положба три секунди, а потоа сменете ја раката.
Склекови
Склековите се идеален начин за зајакнување на грбот. Можете да правите класични машки склекови или полесна варијанта – на колена. Со тоа што секогаш малку задржете се во положбата кога се спуштате до долу.
Секоја вежба правете ја со 10 повторувања – три серии.