(ВИДЕО) Хаос во Аргентина: Доби црвен картон, па „подели“ три нокаути

875

Дека фудбалот е игра во која често има силни контакти е добро познато, ударите и стартовите се составен дел од оваа игра секаде ширум светот.

Особено во оние предели каде фудбалот е многу повеќе од само игра…

Неверојатни сцени пристигнуваат од Аргентина каде нисколигашот 9. Јули Берабева го нагости Сан Хорхе во рамките на еден од куповите во таа земја.

Гостите победија со 5:0, а во тоа им помогна и дефанзивецот на домашната екипа Мартин Коста кој доби исклучување.

Тој не можеше да го поднесе сето тоа, па на патот кон соблекувалната во стилот на Мајк Тајсон удри и тројца противнички играчи.