(ВИДЕО) Хаос во Барселона: Окупирани колите на Меси и Суарес поради дојава за бомби

788

Двете големи ѕвезди на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарес ги бројат последните денови од летниот одмор и наскоро треба да се приклучат на подготовките на тимот.

Но, последните два дена во центарот на вниманието беа нивните автомобили, паркирани на аеродромот Ел Прат. Полицијата добила дојава за бомби поради што кучиња го испитуваа теренот.

На крајот излезе дека дојавата била лажна, па фудбалерите наскоро ќе можат да ги користат автомобилите.