ВИДЕО: Храбриот Михајловиќ во солзи се врати на клупата на Болоња

1014

Синиша Михајловиќ, стратегот на Болоња на кого пред извесен период му беше дијагностицирана леукемија, имаше емотивно враќање на фудбалските терени во Италија.

Михајловиќ беше дури 40 дена во болница и се бореше со болеста, а како што изгледа, направи голем чекор напред во битката со истата. Првата фазата на лекување е завршена, легендата е во стабилна состојба и пак се врати на клупата на Болоња.

На гостувањето во Верона, популарниот Миха беше дочекан со овации од трибините. Доби и скандирања на неговото име, а тоа ги разбуди емоциите кај него и со солзи во очите се врати да го води својот тим.

Фудбалскиот свет му даде безрезервна поддршка на Синиша Михајловиќ во битката со леукемијата, а тој е голем борец и откако ги дозна шокантните вести, најави дека ќе ја победи.