(ВИДЕО) Идентификувани сите жртви во трагичната несреќа со Коби Брајант

865

Во тешката хеликоптерска несреќа која го потресе светот, загина Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари во исторјата. Коби е роден во 1978 година и имаше 41 година.

Освен него, загинаа уште осум луѓе. До несреќата дошло околу 9:47 минути по локално време.

Да биде поголема трагедијата, загинала и една од четирите ќерки на Коби.13 годишната Џина Марија Брајант.

Смртно настрада и нејзината соиграчка од кошаркарскиот тим Алиса. Неа ја следеа родителите, Џон Алтобели и Кери Алтобели. Џон имал 45 години а работел како тренер за бејзбол во Оранџ Каунти. Тој и неговата сопруга оделе со ќерка им на натпревар кој требало да се случи пладнето.

Инаку, ќерката на Коби Џана и Алиса Алтобели заедно играле кошарка за Мамба Академијата. Алтобели редовно патувал на натпреварите на неговата ќерка.

Дополнително, се дознава дека меѓу загинатите е и Кристина Мајсер, кошаркарска тренерка во една приватна школа во Оранџ Каунти.

-Децата и јас сме ужаснати. Ја изгубивме нашата прекрасна сопруга и мајка. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овие тешки моменти. Ви благодариме на вашите изрази на поддршка, многу ни значат“, напишал нејзиниот сопруг Мат на Фејсбук.

Како што пишува Los Angeles CBS,  во несреќата загинале и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон.

Пилотот бил Ара Зобајан.