(Видео) Илјадници луѓе го споделуваат, кутренце полно радости бидејќи е вдомено

488

На Твитер се шири видео од кученце што го снимиле неговите посвоители на пат од засолништето до новиот дом.

Кучето од видеото, кое за 24 часа го погледнале повеќе од милион луѓе, е емотивно и не ги крие чувствата за фактот дека има нови сопственици и нов топол дом. Во видеото кучето се умилкува,  се мази  и речиси цвили во друштво на својот нов сопственик.

Ова кутре е доказ дека кучињата се навистина исклучително емотивни суштества и дека од првиот момент чувствуваат голема љубов, почит и благодарност кон својот сопственик.