(Видео) Има надеж за индонезиските морнари: Подморницата е лоцирана на 850 метри длабочина, следува итна евакуација

890

Индонезиските власти соопштија дека спасувачките екипи ја лоцирале исчезнатата подморница на околу 850 метри длабочина и додадоа дека ќе извршат итна евакуација на екипажот.

Здравствената состојба на екипажот не е позната, изјави началникот на генералштабот на воената морнарица на Индонезија, адмирал Џудо Маргоно, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Како што открива Маргоно, исчезнатата подморница на индонезиската воена морнарица била пронајдена во водите во близина на островот Бали.

Подморницата изчезна за време на воена вежба, а во неа се наоѓаат 53 морнари. Подморницата е дизајнирана да нурне најмногу до 500 метри, па постојат стравувања дека на длабочина од 850 метри притисокот на водата го има пробиено трупот на пловилото.

Екипи од неколку земји, заедно со индонезиската морнарица, со денови ги пребаруваа водите северно од Бали. Времето беше клучно бидејќи, според проценките, кислород во подморницата требаше да снема денеска.

Индонезиската морнарица во соопштението вели дека истражува дали подморницата останала без напојување за време на нуркањето.

Со воздушно пребарување на областа претходно беше откриено излевање нафта во близина на последната позната локација на подморницата.