ВИДЕО: Имало бетер и од Суарез – се појави нов „канибал“ помеѓу фудбалерие

960

Сигурно сите љубители на фудбалот нешто по кое прво ќе го поврзат Луис Суарез не е некоја фудбалска магија на теренот,туку неговото скандалозно однесување.

Фудбалерот на Барселона на неколку наврати во минатото гризаше противнички фудбалери, а поради тоа доби и драконска суспензија на Светското првество во Бразил 2014 година.

За волја на вистината Уругваецот во последно време е мирен, но сега доби свој наследник.

Тоа е Бредли Џонсон од Дерби во Чемпионшип дивизијата. Бредли  синоќа го нападна фудбалерот на Стоук, Џо Ален и го гризна за рамото и тоа доста крвнички.