Видео интервју со човекот кој требало да го убие Тито: Чекавме со години, а кога пристигна во САД имаше

1012

Уште кога бил дете, несудениот свештеник Радош Стевлиќ сметал дека Јосип Броз Тито е олицетворение на секаков вид на зло, па се приклучил на групата која се обидувала да го ликвидира маршалот и земјата ја ослободи од комунизмот.

Тоа негово размислување се промени во 1944 година, кога беше обвинет дека е четник, и кога комунистите се закануваа дека ќе го убијат. Три децении подоцна, со групата на истомисленици се подготвија за атентат на Тито.

„Во Њујорк беа главни организатори, во Торонто браќата Станојевиќ, Џорџе Граховиќ во Охајо, Никола Живовиќ и јас бевме во Чикаго, Никола Кавај нас не поврза. Не користевме телефони, прислушкувања имаше насекаде“, изјави Стевиќ за ТВ Прва, кој смета дека режимот на Брозов беше најлош систем на владеење од Адам и Ева.

Првата бомбашка акција симболично ја изведоа на Свети Сава во седумдесетите години, а симболично е наречена „Шест светосавски бомби“.

„Шест бомби експлодираа во исто време во сите конзулати, и амбасади на Југославија во Њујорк, Торонто, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско и Кливленд“, додаде тој.

Американските медиуми тогаш известуваа за обид за убиство на југословенскиот маршал.

Друга прилика им се укажа кога Броз допатува во Америка.

„Најблиску до тоа бевме кога дојде втор пат во Америка во Филаделфија, тогаш имавме снајперисти кои чекаа да го скинат за време на одењето од авионот до терминалот“, додад Стевлиќ.

Но, таа прилика им пропадна, како и онаа кога Тито дојде во посета на Белата Куќа, затоа што приближувањето до неговото возило беше невозможно.

Обидот за атентат не мина без последици, затоа што следеа апсења, судења, и долгогодишна робија поради тероризмот. Радош Стевлиќ отслужи казна од десет години, иако постоела можност да добие максимална од 65 години затвор.

Сега велат дека се кае затоа што некогаш учествувал во таа акција.
„Сите удиравме со глава во ѕид, ѕидот остана цел, а главите попукале“, заклучи Стевлиќ.