ВИДЕО: Јаховиќ доби топка „со очи“ од Подолски и донесе триумф за Анталија!

577

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ погоди за Анталијаспор во Турција и на својот тим му ја донесе посакуваната победа на домашен терен.

Анталијаспор славеше над Анкарагуџу (1-0), а Јаховиќ се запиша во листата на стрелците во судиското надополнување пред крајот на првиот дел. Центарфорот доби топка „со очи“ од германската легенда Лукас Подолски, излезе пред голот на противникот и биеше елегантно по земја.

  • Голот на Адис Јаховиќ против Анкарагуџу:

За Адис Јаховиќ ова беше втор сезонски погодок во турската Суперлига. Анталија со оваа победа ја прекина кризата од пет меча без триумф и ја запиша третата радост поради која е на дванаесеттото место во Суперлигата.