ВИДЕО: Кантегрел „експлодира“ за Вардар – пет одбрани за четири минути во ЛШ!

765

Ако на минатиот меч со Елверум за Вардар блескаше Марко Кизиќ, во вториот дуел со норвешкиот првак, главна фигура меѓу стативите беше францускиот голман Робин Кантегрел, кој фати пет топки кога беше најпотребно и го чуваше својот тим.

Робин шансата ја доби во средината на вториот дел и потполно ја оправда. Влезе во игра во 45. минута, а во временскиот интервал од 46. до 50. минута фати пет топки и спречи Елверум да се одвои во дуелот во ЛШ.

  • Одбраните на Робин Кантегрел против Елверум:

Вардар не ги искористи неговите одбрани во тој момент, но затоа, „црвено-црните“ експлодираа во финишот и дојдоа до важна победа во ракометната елита, втора оваа сезона по онаа над Флензбург во Скопје.

Статистички гледано, Кантегрел одигра доста добро. Голманот фати пет од вкупно девет шута, што е 56% ефикасност. Од одбраните, една е од шест метри, а останатите четири се од девет метри. Марко Кизиќ мечот исто така го заврши со пет одбрани, но од вкупно 33 шута (15% ефикасност).