(ВИДЕО) Караница на конференција во ЕУ. Салвини порача: Ни требаат италијански деца, а не африканци

1099

Верувам дека сум во владата за да се погрижам младите луѓе да имаат голем број на деца, како беше во минатото, а не да го преселувам најдоброт од африканската младина во Европа, рече заменикот Премиер на Италија.

Салвини кој во исто време е и министер за внатрешни работи, оваа изјава ја даде на конференција во Виена, на која беше присутен и Жан Аселборн, министер за надворешни работи на Луксембург, кој е на таа функција без престан од 2004та година.

Италијанскиот вице-премиер го изразил своето несогласување со оние политичари во ЕУ кој тврдат дека мигрантите ни се потребни, бидејќи популацијата во Европа е се постара.

Аселборн за време на излагањето на Салвини му упаднал говорејќи “бла бла бла”, додека Салвини го држел својот говор за наталитетот. Министерот од Луксембург е еден од најекстремните критичари на оние кои сакаат безбедни граници во Европа и повеќе пати им се потсмеваше на политичарите кои порачуваат дека треба да се зачуваат христијанските корени на Европа, што многу негови критичари го гледаат како ширење на омраза и христијанофобија.

Салвини му возвратил на тоа, “Можеби во Луксембург морате да примате мигранти, ние италијаните сакаме да помогнеме на луѓето да имаат повеќе деца, наместо да носиме модерни верзии на робови од Африка, за да ги заменат децата кои ни фалат.”