(Видео) Кирјос освои поен кој е забранет во тенисот: Сите ќе го гледаат ова и ќе ме сметаат за идиот!

837

Ник Кирјос уште еднаш покажа дека игра во животна форма и дека никогаш претходно не бил фокусиран и посветен како во последните неколку месеци, факт кој самостојно го заклучи и Данил Медведев по претрпениот пораз.

Светскиот рекет број еден уште еднаш загуби од Кирјос во меч кој започна со огромна борба во Њујорк, но кој заврши со доминација на австралискиот тенисер кој победи со 3:1 во сетови за пласман во четвртфиналето на Ју-Ес Опен.

Многу важен беше првиот сет кој беше решен во тајбрејкот и кој му припадна на Кирјос со 13:11, па иако Медведев одлично одговори со 6:3, во третиот и четвртиот сет до израз дојде Ник.

Австралиецот славеше со 6:3 и 6:2 и си закажа четвртфинален дуел со Хачанов, но цела тениска јавност говори и за спектакуларниот поен кој го освои, но кој му беше одземен бидејќи го прекрши тениското правило.

Иако имаше се во своја полза за да освои поен, Кирјос реши да отиде во противничкото поле и да го удри топчето за поен, што не е дозволено според тениските прописи. По крајот на мечот, сеир на сам себе си фати токму Ник.

– Не можам да поверувам, играм тенис и мислев дека тоа е дозволено. Сите ќе го гледаат ова и ќе ме сметаат за идиот. Изгледав како идиот, – изјави Кирјос во свој стил.