Видео кое предизвика полемики на Инстаграм: Фитнес инструкторката покажала дека и таа има “целулит”

829

Австралиската фитнес ѕвезда Тами Хемброу сакала да им се доближи на жените кои ја обожуваат така што ќе им покаже дека и таа е несовршена односно дека има целулит – но, тоа било сè освен целулит.

Имено, русокосата Австралијанка споделила кратко видео со своите 9,4 милиони следбеници каде го покажала својот “целулит” во минијатурно бикини.

Сепак, не се надевала дека со оваа снимка ќе предизвика само контра ефект.

“Нема ништо лошо во малку целулит, драги мои дами. Поголемиот дел од нас го имаат”, напишала таа во описот од видеото.

Меѓутоа, ако подобро ја погледнете снимката, нема воошто да забележите целулит на нејзиниот задник што уште повеќе ги изнервирало припадничките на понежниот пол со кои сакала да се поистоветува.

“Кој целулит?”, “Што зборуваш, немаш ни грам целулит!”, биле само некои од коментарите под снимката.