Познато е дека Даинис Кристопанс ќе ја одигра последната сезона во дресот на Вардар. Од наредното лето, Летонецот ќе го засили ПСЖ и ќе започне соработка со Раул Гонзалез.
Сигурно дека со неговото заминување значително ќе се намали квалитетот на вардаровиот тим. Присуството во одбрана и незадржливоста во нападот ќе бидат работите кои тешко дека некој ќе може да ги надополни во иста мера.
Во пресрет на новата сезона во СЕХА лигата, десниот бек на актуелниот првак во регионалната лига откри што најмногу ќе му недостасува кога ќе си замине од Македонија.
„Најверојатно ајварот“ , рече накратко летонскиот џин.
Latvian giant and ?? food – the best recipe for laughter! ?? #SEHALeague #Gazprom #experiencehandball pic.twitter.com/k5pILbRAAU
— SEHA-GAZPROM LEAGUE (@SEHALeague) August 22, 2019