ВИДЕО: Лазаров двапати ја изведе познатата „магија“ против Мотор во ЛШ

541

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, постигна атрактивни два гола за Нант во Лигата на шампионите, во поразот од Мотор Запорожје (31-32).

Нашиот најдобар играч и на 40 години изведува атракции во ракометната елита. По една контра и брза транзиција, Лазаров заврши сам пред голот на Украинците и го совлада противничкиот голман без да гледа. Потоа, следеше „репетиција“…

  • Атракциите на Лазаров против Мотор:

Ова се едни од препознатливите голови на Кирил Лазаров. Вакви потези тој изведуваше и во репрезентацијата, на големите натпреварувања.