(ВИДЕО) Ливерпул со една нога во полуфинале, ќе има голема битка во Манечстер

931

Актуелниот европски вицешампион Ливерпул со голема предност ќе патува на реваншот против Порто идната недела.

На домашен терен „црвените“ славеа со 2-0 со головите на Кеита и Фирмино во првото полувреме. Ливерпул толку беше доминантен и сигурен што Јирген Клоп во вториот дел ги извади од игра Мане и Фирмино за барем малку да ги одмори пред продолжението од Премиер лигата каде неговиот тим се бори за првата шампионска титула по 29 години.

Многу повеќе борба имаше во втората вечерашна пресметка, меѓу Тотенхем и Манчестер Сити кој заврши со победа на Спарс со 1-0. Гостите ги имаа сите услови за да остварат победа, Агуеро имаше пенал, а во второто полувреме се повреди Кејн. Сепак, Аргентинецот не беше прецизен од белата точка, а Сон во 78. минута го постигна победничкиот гол.

Реванш дуелите се играат на 17 април во Порто и Манчестер.