(ВИДЕО) Ма каков дожд: Во Скопје е лудница – делириум на плоштадот Македонија

2727

Иако времето денес ширум Македонија, како и во Скопје е мошне лошо поради обилните врнежи, тоа не ги спречи најверните навивачи на Вардар од плоштадот Македонија да го следат финалето од ЛШ.

„Црвено-црните“ навивачи знаеја како да го проследат и да ги бодрат своите момци, а по последнит судиски свиреж во Келн од страна на германските судии следеше делируми.

Се вееја македонски, но и клупски знамиња на Вардар, ечеше македонска, но и вардарова песна. Едноставно луѓето на плоштадот Македонија беа во транс.