Илија Несторовски ја потврди одличната форма во која се наоѓа во последно време со голот против Верона.
Палермо победи со 1-0, а нашиот репрезентативен напаѓач го постигна единствениот гол во 46. минута.
Тоа е негов 11. погодок и со него се проби на делба на седмата позиција на листата на стрелците во Серија Б. На шест кола пред крајот на сезоната, Палермо е на третото место на табелата со бод заостанување од второпласираниот Лече, но и со еден натпревар помалку.