(ВИДЕО) Македонија ја потопи со Бугарија со петарда, па се славеше со “Бисер Балкански” во соблекувалната

1100

Новата генерација на фудбалери до 21 година на селекторот Благоја Милевски покажува голем потенцијал. Тоа го докажа денеска против Бугарија со фантастичната победа од 5-1 на „Анталија Купот“.

Вака изгледаше славјето во соблекувалната:

Во продолжение можете да ја погледнете фудбалската рапсодија на нашите надежи, кои безмилосно ја полнеа мрежата на нашиот источен сосед. Стрелци на головите беа Марио Илиевски, Томче Гроздановски, Методи Максимов два гола, a Мартин Дичев си даде автогол откако Берат Калкан излезе сам пред голманот, но првиот удар го одбрани, ама одбиената топка го удри младиот бугарски дефанзивец за да заврши во мрежата.