Фудбалската репрезентација на Македонија успеа да забележи прва победа во квалификацискиот систем за ЕУРО2020 година.
Синоќа падна Летонија на „Филип Втори“ со 2:1, меч и победа кои можеа да бидат поефикасни за нас.
По фуриозното прво полувреме, Македонија во секој сегмент ја надигра Летонија, поведовме со 2:0 со головите на Алиоски и Елмас (дебитантски гол), па во второто полувреме како да падна темпото кај нашата репрезентација.
Во вториот дел, поточно во самиот финиш, Летонија постигна гол во 86. минута, но Македонија не остави ништо на случајноста па Елмас во судиското надополнување ја потврди победата со 3:1.
Во нашата група освен нас, победа оствари и Полска на гостувањето кај Австрија со 0:1.
MKDLVA 3:1 FT
ElifElmas (second goal) pic.twitter.com/xNYbVuimNs
— Никола.К. (MUFC) (@NikolaManUtd) March 21, 2019