Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона имаше исклучително бурен љубовен живот. Тој беше познат како голем заводник, обожаваше забави и убави жени, а на неговиот шарм не можеа да му одолеат многу познати убавици.
Така, со години се шпекулираше во јавноста дека Марадона имал афера и со сопругата на Мауро Икарди атрактивната Ванда Нара. Оваа приказна ја потврди пред две години познатата ТВ водителка Мирта Легранд.
¡IMPERDIBLE! El momento en que Mirtha Legrand confiesa que fue testigo de la noche que Wanda Nara estuvo con Diego Maradona: "No me dejaron dormir, corrían los…." pic.twitter.com/KvgEauP3Tg
— eltrece (@eltreceoficial) July 22, 2018
Познатата новинарка пред 14 години престојувала во хотел во кој престојувале Ванда и Марадона кои имале бурна ноќ па поради тоа не можела да спие.
Во 2006 година, Ванда била видена како влегува во хотелот во кој престојувал Марадона, а потоа медиумите почнаа да шпекулираат дека има нешто меѓу нив. Во еден момент, камерата ја сними Ванда, која беше облечена во долна облека.
Ванда е во брак со аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди од 2014 година и имаат две деца. Пред тоа, таа беше во брак пет години со неговиот најдобар пријател Макси Лопез.