(Видео) Маж влезе меѓу столбовите за време на уривањето на објектот, полицијата едвај го извлече

1123

Средовечен маж се качи меѓу разурнатите столбови на дивоградбата пред Мавровка за време на уривањето. Тој успеа да влезе во карабината, зеде парче од урнатиот столб, кога полицијата го фати и го истурка надвор.

Човекот пружаше отпор, им викаше на полицајците, не сакаше да излезе и тие на сила го извлекоа.

Во меѓувреме застана со работа и багерот што урива.

„Човекот не е ментално добар“, рече еден од работниците на „Македонијапат“ кои го следат уривањето.

Полицијата е распоредена секаде околу објектот којшто се урива и не дозволува никој да помине.

За време на уривањето, за првпат јавно се појави и сопственикот Мевљудин Алити, кој тврди дека ги има сите одобренија за градење со платени давачки и комуналии, и најави тужба во Стразбур.