Екипата на Ферари е најголемиот губитник по втората сезонска трка во Ф1 за Големата награда на Бахраин.
Ферари имаше фантастичен викенд, но сето тоа падна во вода на трката. Леклер водеше до самиот крај, а на крајот заврши трет поради проблеми со болидот, додека Себастијан Фетел поради голема грешка повторно потфрли и беше дури петти.
Но, Ферари и понатаму остана во Бахреин поради тестирање на болидот, а по првпат во историјата на Формула 1 се појави и синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик.
Тој утринава излезе на патеката во Бахреин во болидот на Ферари и ќе одработи неколку тестови. Мик моментално е во Формула 2, но очигледно дека во Ферари веќе сакаат да има некое искуство во Ф1.
Неговиот татко кој веќе неколку години е надвор од сите случувања поради тешката поведа која ја заработи на скијање, сигурно е горд на својот син.