Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица, јавија денеска локалните медиуми, додека се чекаат официјални податоци за бројот на жртвите.
Автомобилските камери го снимија моментот на уште еден страшен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што во понеделникот ја погоди Турција.
Araç kamerasından Hatay'da ki deprem anı pic.twitter.com/Azih17DVDF
— Yzb Hakan (@hakaanyzb) February 20, 2023
Покрај силниот потрес, на снимката се гледа сина светлина, која го осветлува небото непосредно пред почетокот на потресите.
Тогаш, според познавачите, на небото се појавиле молњи, а подоцна било објаснето дека од потресот на земјата се ослободуваат електрични празнења од карпите, кои, поради земјотресот, испуштаат сина и зелена светлина кон небото.