На социјалните мрежи вчера се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како момче тепа девојка во Куманово.
На снимката се гледа како тој ја шутира и ја мава девојката, пред целата ситуација да ја забележи друго момче кое доаѓа да му врати со иста мера.
Физички напад врз девојка во центарот на Куманово среде бел ден
Ова не смее да помине вака…А вие што снимате и ништо не превземате сте тешки шупаци.. pic.twitter.com/pBpIm2BQMX
— Шефот (@The_Chief86) July 21, 2021
Настанот се случил зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а за истиот се огласија и од МВР:
„Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од министерството.
Еве го првиот дел од тепањето каде јаде повеќе ќотек. pic.twitter.com/lUquoNNual
— Лутенет Драгуљче (@SieMiGaDjuro) July 21, 2021