Непријатна сцена се случи во судот каде што првиот осомничен во „Рекет“ даваше исказ, кажа адвокатот на Боки13.
Брза помош му беше укажана на Бојан Јовановски откако му се слоши додека даваше исказ и со носилки и брза помош беше однесен.
„Јовановски почна да повраќа и колабираше, не беше компактибилен. Сега е донесена брза помош и однесен во болница. Иако има мислење од Клиниката за торакална дека е неопходна хоспитализација и нега-истакна адвокатот Дуковски на Боки13.
Авокатотот додава дека Јовановски дваесет пати бил на субспецијалистички преглед и не успеал да даде исказ.
Јовановски е во притвор во Шутка и денес напладне беше донесен да даде исказ. Осомничени во случајот се и Зоран Милески Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.