Рафаел Надал во финалето во Рим го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1, по сетови 6:0, 4:6, 6:1.
Првиот светски тенсер беше непрепознатлив во првиот сет и го загуби со неверојатни 6:0.
Во вториот сет Новак заигра многу подобро и со неколку спасени брејк топки, пред крајот на сетот успеа да му земе брејк на Надал и да го одведе мечот во трет сет.
Надал меѓутоа и на самиот почеток од третиот сет го излудуваше Ѓоковиќ со своите потези и веќе во првиот гем му зеде брејк на првиот светски рекет кој потоа целосно ги загуби нервите и го истури својот бес на рекетот.