Џејмс Харден е исклучиво добар кошаркар, но не е тајна дека е еден од оние на кој судиите во НБА лигата најмногу му гледаат низ прсти.
Во победата над Јута, кошаркарот на Хјустон одигра феноменален меч со47 поени, но неговиот настап ќе се памти по двократниот „степ бек“ што го изведен во еден момент.
.@isaiahthomas had something to say about the Harden step-back video ? pic.twitter.com/lqjEtxmMJk
— ESPN (@espn) December 18, 2018
Иако очигледно дека направи недозволен потег, судиите ништо не му свирнаа на Харден а тоа предизвика потсмев и голема осуда кај бројни НБА кошаркари и фанови.
Еден од нив кој се огласи е и Исаи Томас кој на „Твитер“ напиша:
„Ма дај, сега и ова ли е дозволено? Па наскоро ќе стана незапирливо“.