(Видео) Невреме во Австрија

1141

Силно невреме ја погоди областа Тирол, во Австрија.

Поради обилните врнежи од дожд неколку реки се излеале од своето корито.

На социлајните мрежи се појави и видео на кое може да се забележи како низ улиците во областа Тирол, течат реки од вода и кал.

Сепак, претставниците на Владата велат дека „за среќа, никој не е сериозно повреден во невремето”.

Властите распоредија 180 пожарникари за да им помогнат на граѓаните.

На терен веднаш по невремето излегоа и припадниците на безбедносните служби.