Видео: Невреме во Германија, 50 исчезнати има и мртви!

745
Хаос во Германија, бура, поплави, урнати куќи. Исчезнале 50 лица, се страхува дека има и загинати.

Страшно невреме го погоди западниот дела од Германија, поради обилните врнежи и поплави урнати биле шест куќи. Околу 50 лица се водат за исчезнати.

Портпаролот на полицијата во Кобленц потврдил дека според досегашните информации во невремето загинале четири лица, под засега не утврдена околности. Нивните тела се пронајдени на различни места.

Уште најмалку 25 куќи се во опасност да се урнат во дистриктот Шулд кај Аден, објави телевизијата СВР, повикувајќи се на инфомации од локалната полиција, пренесе Билд.