(ВИДЕО) Нова „експлозија“ од Роналдо: Со хет-трик во „пет до дванаесет“ ја однесе Португалија во финале

760

Кој ако не тој- Кристијано Роналдо блеска додека најголем дел од фудбалерите веќе се на одмор. Капитенот на Португалија ја одведе својата селекција во финалето од А дивизијата во Лигата на нациите.

Роналдо уште во првиот дел стрелаше во 25. минута за предност од 1-0, резултат со кој се замина на пауза од полувремето.

Сепак во 57. минута Родригез израмни и се наговестуваше кон тоа дека ќе се оди во продолженија, но така не мислеше и Кристијано.

Првата ѕвезда на Португалците ги презеде работит во свои раци и во финишот комплетираш „хет-трик“. Во 88. минута погоди за 2-1, а на крајот на регуларниот дел ги постави конечните 3-1.