Видео од спасувачката акција кај ТЦ „Мавровка“ – дали ќе го разубедат човекот да не скока?

1156

Моментално во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје во тек е спасувачка акција на пожарникари и полицајци кои се обидваат да спречат маж да скокне од зграда.

Спасувачките екипи се обидуваат да го разубедат човекот, а околу зградата е поставен и душек.

На терен е присутна и Брзата помош.

Од МВР за „Фокус“ ја потврдиле информацијата:

„На 08.06.2021 г. во 08:10 часoт пријавено е дека на ул.Филип 2 , кај Мавровка, Н.Н. машко лице качено е на покривот од зградата и се заканува дека ќе се фрли од истата. На терен се полициски службеници и се преземаат мерки“, се вели во одговорот на МВР за „Фокус“.