(ВИДЕО) Ова е ПЕКОЛ! Селективни вежби на специјални единици!

798

На сите ни е добро познато дека за да се стане дел од елитна специјална единица треба да се помине низ вистински ПЕКОЛ!
Пекол или со друг збор така наречен СЕЛЕКТИВЕН КУРС, за време на кој се тестира силата, издржливоста, упорноста, храброста, снаодливоста на кандидатите и.т.н.

Но веројатно голем дел од вас не знаат колку некои вежби навистина знаат да бидат БРУТАЛНИ! Односно, тука не станува збор за регуларни склекови, трчање и гаѓање на мети, па така некои вежби ги поместуваат границите на физичката и ментална издржливост на пријавениот кандидат.

Тајвански Маринци

Веројатно сте ја искусиле болката од тоа да одите боси по камења, кори од дрва и слично. Замислете да ползите со целото свое тело по иста таква површина.

Доколку на момент помисливте дека тоа не е воопшто тешко, тогаш замислете дека овие камења се со големина на тупаница, а помеѓу нив има и оштри корали, и обидете се ваквата површина во должина од 50 метри да ја поминете ползејки притоа не користејќи ги воопшто вашите раце.

Animated GIF - Find & Share on GIPHY

Ова е воена вежба која се практикува во селективниот курс на Тајванските Маринци!

Јуришен Корпус на Северна Кореа

Малку се знае за најизолираната држава во светот, но десидентите на истата (до некаде) откриваат што се случува во рамките на нејзините граници.

Korea Jumping GIF - Find & Share on GIPHY

Наводно, специјално одбрана група на војници ја сочинуваат оваа Корејска елитна единица. Припадниците на оваа единица во еден дел од селективниот курс, со голи раце удираат во дрво и шилести конзерви се додека нивните дланки не прокрварат, а потоа ги ставаат во сол.

Иако со сигурност чувството и не е така пријатно, се смета дека ваквиот метод го засилува психичкиот и физичкиот дух за борба кај секој еден припадник.

Филипинска Единица за Специјални Операции

Со сигурност голем дел од вас имаат претстава за тоа колку е тешко да се заврши и наједноставна работа, а притоа да сте претерале со алкохоло. Епа сега замислете да морате да издржите цел селективен курс, а притоа да сте во постојана алкохолизирана состојба.

Филипинските Единици го прават токму тоа! Првенствено кандидатите за специјалци во оваа единица се доведуваат во алкохолизирана состојба, а потоа директно преминуваат на вежбите од самиот селективен курс.

Пред да кажете дека ова и не е така тешко, ставете се во положба на кандидат кој во ваква состојба би требало да преплива 20 километри, да годи мети од огнено оружје и како за крај да истрча 15 километри (додека се пред него се врти).

Јужно Корејски Специјални Единици

Јужно Корејските Специјални Единици се познати по изразено бруталните тренинзи на снег! И пред да помислите дека истите се гаѓаат со топки снег, застанете!

Припадниците на овие специјални единици се соблекуваат голи до појасот и започнуваат со изведување на најразлични вежби на температури далеку под нулата.


Вежбите за борба и сила сами по себе се тешки но тука додадете го и снегот и температури кои се далеку под нулата, поточно -30 степени целзјусови.

Кинеска Народно Ослободителна Армија

Доколку би сакале да изградите доверба и тимска работа кај кандидатите, тогаш Кинеската Народна Армија ја има вистинската вежба за вас!

Истата се изведува така што група од неколку војници формираат круг околу претходно ископана дупка, еден од војниците во своите раце држи експлозив и го пали неговиот фитил па војниците започнуваат веќе “активниот” експлозив да го подаваат меѓусебно во круг.

Potato GIF - Find & Share on GIPHY

По одбројувањето последниот војник експлозивот го исфрлува во дупката која се наоѓа на средина од групата, па сите војници залегнуваат на страна пред самата експлозија.

Американски Снајперисти (Маринци)

Да се биде добар снајперист бара да се има мирна рака, одлични рефлекси и голема истрајност. Но очиглено бара и губење на сетилото за мирис.

Тоа е затоа што за да еден поединец  стане Марински  Снајперист, мора да знае добро да се камуфлира себе си и своето оружје. Ваквото камуфлирање Маринските Снајперисти го изведуваат преку занурнување во мочурливи езера полни со габи и трула вегетација, па така натопени и водени до гола кожа да се превртуваат во прашинеста земја.

Mark Wahlberg Shooter GIF - Find & Share on GIPHY

Се ова е потребно за нивното камуфлирање да биде што поблиско и по автентично до средината во која дејствуваат, но исто така претставува и психолошки тест за самиот кандидат.

Американски ФОКИ

Селекцијата на Американските ФОКИ се смета за една од најтешките во светот, и е смислена по концепт кој би требало да ја открие силата и издржливоста на самите кандидати.

И покрај постојаната тежината на Селективен курс сепак за најтежок дел се смета нуркање во затворен базен, кое нималку не е наивно.


Нуркањето во затворен базен се изведува така што се врзуваат рацете и нозете на кандидатите, па така врзани, тие под вода треба да извршат најразлични зададени задачи. Се смета дека преку ваквата вежба кандидатите учат да го контролираат дишењето, а воедно истата помага да го контролираат стравот и паниката во ситуации слични на оваа.

Но тоа не е се, за време на оваа вежба инструкторите ги напаѓаат и им го отежнуваат извршувањето на зададената задача што дополнително ја влошува ситуацијата во која се наоѓаат.

Индонезиска Армија

Што се однесува до самата селекција на Индонезиската армија нема ништо чудно и специјално. Кандидатите трчаат, преминуваар препреки, ползат во кал додека инструкторите околу нив пукаат од огнено оружје.

Но постои една голема разлика, инструкторите на Индонезиската Армија пукаат со вистинска боева муниција на само неколку сантиметри до кандидатите за специјалци.


Секако дека ваквото пукање на кандидатите им ја доловува вистинската слика на самата борба, но исто така работите можат многу брзо да станат смртно опасни.

Руски Специјални Единици

Војничките вежби често пати знаат да бидат поприлично опасни, но и инструкторите и кандидатите се свесни за тоа дека реалистичниот тренинг знае и тоа како да помогне во реалните ситуации.

Една од крајно екстремните вежби кои ја практикуваат Руските Специјални Едници се изведува така што кандидатите кои на себе носат панцирни блузи се застрелувни од страна на нивните инструктори.

Ваквата вежба ги подготвува кандидатите да знаат како да реагираат во ситуации кога би биле погодени од страна на непријателски оган.

Кратко видео од Тренинг на Руските Специјалци.