(Видео) Патнички авион се судри со хеликоптер над Вашингтон, има загинати

102

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ и хеликоптер „Блек Хок“ на американската армија се судрија над Вашингтон, во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“. По судирот, авионот се урнал во реката Потомак.

Според потврдите од сенаторот Тед Круз, во несреќата има загинати, а американските медиуми јавуваат дека досега се пронајдени најмалку 18 тела. Во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипаж, додека во хеликоптерот „Блек Хок“ се наоѓале тројца војници.

Федералната управа за авијација потврди дека судирот се случил додека авионот се приближувал кон аеродромот. На местото на несреќата веднаш беа испратени спасувачки тимови, кои се обидуваат да извлечат тела од водите на реката.

Инцидентот ја вознемири јавноста, а властите се обидуваат да ги утврдат причините за трагичниот судир.