ВИДЕО: Перфектната Ристовска со 11/11 им наби комплекс на Исланѓанките!

1209

Женската ракометна репрезентација на Македонија го направи првиот чекор кон пласманот во баражот за следното Светско првенство. Нашите девојки ја оправдаа фаворитската улога против Исланд и во Скопје со убедливи 24-17 ја впишаа првата победа во квлификациската група.

Селекторот Симевски на располагање имаше расположен ростер, сите ракометарки кои добија шанса одлично одговорија на зададените задачи, но вечерва, Сара Ристовска одигра шампионски меч, реализирајќи единаесет гола од исто толку обиди. Поранешното крило на ЖРК Вардар својата фантастична серија ја започна во прав момент, кога гостинот имаше позитива од пет гола разлика, а потоа не знаеше за промашување и им наби комплекс на исландските голманки.

  • Сите гола на Ристовска на мечот со Исланд:

Покрај Сара, во нашиот табор одлична беше и Елена Ѓорѓиевска со шест гола, а голманката Матеја Серафимова дојде до осум одбрани.