(Видео) Полицајка го преплива Вардар за да фати крадец

1427

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа апсење на лице, за кое авторот на видеото тврди дека е крадец кого го бркала полицијата во центарот на Скопје.

Откако арамијата украл чанта на жена кај Соборниот храм почнал да бега на двајца полицајци во цивил, по што го забележала инспекторка која тргнала по него. Тој влегол во Вардар, но не успеал да избега зошто по него влегла и полицајката по што го фатиле и го задржала од спротивната страна на кејот додека да дојдат колегите.