На крузерот „МСЦ Лирица“ попладнево околу 15.30 часот изби силен пожар. Големиот брод кој плови под знаме на панама усирен е во заливот Крф во Грција, јавi Морски.хр.
Посадата на бродот, што ја чинат 51 лица, на време била евакуирана и сите се на сигурно.
„Голем црн чад и пламени јазици се гледаат од десната страна на бродот кој е закотвен на Крф“, сведочат очевици.
Еден противпожарен брод стигна до крузерот и пожарникарите се обидуваат да го спречат огнот.
Локалните медиуми објавија дека пожарот започнал од местото каде што биле поставени две спасувачки чамци на палубата.
Причината за пожарот не е позната.