(ВИДЕО) Пожар во ТЦ Мавровка, изгоре кафулето Фонтана

897

Вчера во доцните часови изби голем пожар во Трговскиот центар Мавровка.

Според првичните информации, причинета е голема материјална штета, но не се знае што точно го предизвикало пожарот.

Информациите од самото место велат дека нема жртви, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Во гасењето на пожарот учествувале 21 пожарникар.